Ova web-stranica koristi tehnologiju "kolačića" (eng. cookie) da bi se korisnicima prikazao prilagođeni sadržaj te su oni nužni za ispravan rad. Više informacija možete saznati ovdje. OK

Меморијален турнир Борче Кикиритков

На 17ти и 18ти Јуни во Штип ќе се одржи јубилејниот 5ти турнир во пинг понг Борче Кикиритков

 Во организиција на ППК Шампион ФА од Штип на 17ти и 18ти Јуни во спортската сала на 
ООУ Тошо Арсов ќе се одржи јубилејниот 5ти по ред турнир во пинг понг Борче Кикиритков.
На 17ти Јуни во сабота ќе се одржат натпреварувањата во категориите кадети и јуниори, додека во недла на 17ти Јуни ќе се одржат натпреварите во сениорска конкуренција, како и турнирот за ветерани по старосни категории.
Организаторот обезбеди парични награди за победниците во сениорска и вереранска конкуренција.
 Следејќи го растот на турнирот во изминатите години, очекуваме оваа година да имаме одличен турнир, силна конкуренција и безпрекорна организација.
 Турнирот е од отворен карактер, на него можат да учествуваат сите играчи од Македонија и странство.
 Затоа пријавете се на турнирот, бидете дел од ова интересно спортско збиднување, бидете побогати со едно спортско искуство плус, не ја пропуштајте можноста за нови познанства и одлично дружење со учесниците на турнирот.
 Се гледаме во Штип...
 
10.6.2017