Ova web-stranica koristi tehnologiju "kolačića" (eng. cookie) da bi se korisnicima prikazao prilagođeni sadržaj te su oni nužni za ispravan rad. Više informacija možete saznati ovdje. OK

ЗЕГИН ОПЕН 2024

Малешевскиот гранд при во пинг понг ќе се одржи по трет пат

 Во срцето на малешевијата, малото гратче Берово и оваа година ќе биде домаќин на повеќе од 170 натпреварувачи на турнирот во пинг понг Зегин Опен, кои ќе се натпреваруваат во 12 различни категории во сениорска, јуниорска и ветеранска конкуренција.

 Турнирот Зегин Опен од година во година забележува раст на интересот кај пинг понгарите да учествуваат на ова веќе реномирано натпреварување.

 Дека Зегин Опен е многу повеќе од игра, покажува и фактот дека единствениот покровител на турнирот, компанијата Зегин се погрижи учесниците на турнирот како и жителита на Берово и околината да имаат добра забава. На 14 Септември, на плоштадот во Берово ќе се одржи концерт и свечено дефиле на учесниците на турнирот.

 Исто така секоја следна година поголем е и наградниот фонд на турнирот. Првата година изнесуваше 5 000 евра, минатата година 10 000 евра, оваа година е повеќе од 12 000 евра.

 Оваа година турнирот трае три дена, од петок 13 септември до недела 15 септември.

 Поттик за организаторите секој нареден Зегин Опен се изјавите на учесниците, дека ова претставува најдобро организираниот турнир на Балканот и пошироко.

За крај останува заклучокот дека Зегин Опен се одржува еднаш годишно но за турнирот се раскажува цела година, до следниот Зегин Опен кој секогаш е подобро организиран од претходниот. 

Автор: Zoki Tanevski
11.9.2024
Politika privatnostiPrivacy policy